Груевски предлага дијаспората да добие 20 пратеници

by Фокус

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на пелагонискиот регион обелодени дека ВМРО-ДПМНЕ во работната група која работи на спроведување на договорот од Пржино предложила наместо досегашните три, дијаспората на наредните избори да добие 20 пратеници во Собранието.

-Сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Дури мислам дека е прениско застапена и затоа дадовме една идеја во работните групи, ако и другите политички партии прифатат да го смениме моделот наместо три пратеници од дијаспората, 20 пратеници на дијаспората, односно наместо досегашните три изборни единици во кои се бираше по еден пратеник од дијаспората да има една изборна единица, а во неа да има 20 пратеници, изјави денеска Груевски.

Тој доаде и дека владејачката партија освен што го поддржала предлогот на СДСМ за активна регистрација на гласачите, сега и инсистира на тоа за да не може опозицијата за обвинува за фантомски гласови.

-Имено, едно од основните обвинувања што СДСМ ги имаше кон ВМРО-ДПМНЕ, а беа неосновани, беше дека има некакви гласови коишто ние не сме ги добиле, дека биле фантомски, со различни бројки и дека заради тоа тие загубиле и дека не се во ред избирачките списоци. Затоа ние го прифативме нивниот предлог за претходна регистрација на гласачите, дури и додадовме да биде и со електронски отпечаток од прст, така што не само што го прифативме, туку сега и инсистираме, рече Груевски.

Поврзани новости