Функционери од ДУИ ќе формираат нова партија на чело со Гзим Острени

by Фокус

„Единство“ ќе биде името на новата политичка партија која ќе се појави на македонската политичка сцена, а како нејзин лидер се спомнува некогашниот генерал на ОНА и прв секретар на ДУИ, Гзим Острени, јавува Телма. Покрај него, во партија се спомнуваат и неколку звучни имиња од ДУИ: Рафиз Алити, Зулфи Адили, Фатмир Дехари, Хазби Лика. Од партијата на Али Ахмети не ја коментираат оваа информација.

Станува збор за т.н. воено крило на ДУИ, политичари кои се незадоволни од централизираното работење на партијата под водство на Али Ахмети, кој се потпира на Муса Џафери и Абдилаќим Адеми. Пратеникот Адили вели дека не вродиле со плод нивните обиде за реформирање на ДУИ.

-Отпорот започнува од врвот, од Али Ахмети и најблиски соработници. Причините може да ги најдеме во тоа што тие се плашат да не ги загубат своите позиции и затоа што се заробени во една, можеби сомнителна соработка со ВМРО-ДПМНЕ, за што индиции има во аферата Прислушување, изјави Адили за Телма.

Тој додава дека Единство ќе биде отворена за соработка и со партии од македонскиот блок, со невладини и граѓански организации, а веќе се во контакт со движењето Беса кое во петокот објави иницијатива за создавањае на опозициски фронт на Албанците за симнување на ДУИ од власта.

 

Поврзани новости