ВМРО-ДПМНЕ: БЈРМ е резултат на дипломатијата на СДСМ

by Фокус

-Виктор Габер и СДСМ треба да одговорат зошто истите луѓе кои како стратешки потег во надворешната политика одлучија за промена на државното име и знаме на Република Македонија, гласајќи ја промената без опозиција во парламентот, денес повторно ја нудат својата експертиза која на граѓаните на Македонија им нанесе срам од невидени размери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресконференцијата на СДСМ на која Виктор Габер, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, зборуваше за состојбата на македонската дипломатија во последните девет годдини.

Од владејачката партија прашуваат дали Габер заборавил да каже дали состојбите во МНР ги проценува со истиот елан со кој во 1995-тата година во име на МНР потпишал договор за соработка со Северна Кореја. Од раководството на СДСМ пак, бараат да одговори дали овој, според нив, истрошен дипломат кој учествувал во многу срамни моменти од македонската историја е нивното најдобро решение.

-Доколку целта на Габер и СДСМ е како што велат Македонија да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО аспирации, тогаш треба ниту тие ниту Габер да не помислуваат да зачекорат во МНР бидејќи се што се случило во време кога ваквата комбинација имала моќ на одлучување и нанело единствено огромен срам на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости