Немојте да им давате аргументи на сите оние што ги бараат да ни направат штета во заедничките цели, како што се интеграцијата во ЕУ и во НАТО ѝ порача Никола Груевски на СДСМ денеска од Пелинце во говорот по повод на прославата од 111 годишнината на Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ.
– Ајде да седнеме, поставете разумни барања. Како гарнитура сме подготвени да ги прифатиме разумните барања. Сакам да му порачам на на нашиот политички конкурент, дека мора да има мостови меѓу нас. Ако во нас има вина, спремни сме да ја прифатиме одговорноста и да ги градиме повторно тие мостови, но мора и тие да се преиспитаат и тие да ги градат мостовите – изјави Груевски.
Премиерот упати порака и до Европската унија во врска со проблемот со името.
– Ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик, имаме наша автентична македонска култура, немаме претензии кон Грција или кон било кој сосед. Сакаме мир, сакаме слобода, сакаме просперитет на нашите граѓани. Сакаме правда! Многумина ќе речат дека нема правда во животот, ама не е така. Луѓето ја прават правдата и тие знаат да направат разлика дали е едно дело лошо или не. Проблемот не е само наш, тоj е европски. Ако мисли дека некој со игнроирање ќе го реши, длабоко се лаже. Европа не смее интересот да го стави над вредностите. Време е Европа да погледне со поголемо внимание кон нас. Да се признае јавно од некои од нив дека треба да се преговара за името и за идентитетот е рамно на бришење на една нација. Погубно и рамнофушно и лефтерно се постапува кон ова прашање -изјави Груевски и потенцираше дека е потребно е конкретно дело и оти македонската стране е подготвена за разговори.
Тој ѝ порача на ЕУ дека трагично е што не можат да ги убеди нашите соговорници да седнат на маса.