Иванов: АСНОМ нѐ обвзува дијалогот да го водиме во институциите

by Фокус

АСНОМ нѐ обвзува дијалогот да го водиме во институциите на државава, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов на прославата од 111 годишнината на Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ.

Иванов на скопскиот плоштад, пред споменикот на Методија Андонов Ченто потенцираше дека АСНОМ подоцна бил засенет од режимот кој проголтла многу македонски јунаци како Ченто.

За првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Иванов рече дека не прифаќал директиви и тоа го правел по цена на својата слободата и оти

– Бил виновен затоа што искрено сакал да бидеме свои на своето. Кога му се судеше на Ченто, му се пресуди на АСНОМ – истакна Иванов.

Поврзани новости