Два чатали активирани пред Влада

by fokus

На денешниот предупредувачки протест на Шарената револуција, демонстрантите ја посетија Владата и со два катапулти одново ја офарбаа во шаренило белата фасада.

Демонстрантите антивладиниот протест  го започнаа пред канцелариите на СЈО, со цел уште еднаш да ја потсетат власта дека ултиматот поставен кон неа истекува.

13473943_10209715555270616_1713769589_nШарените потсетија дека нивните барања се’ уште не се исполнети.

-Прогонот кон борките и борците за правда не запира, а и Уставен суд се’ уште не се произнесува за уставноста на Законот за СЈО. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. – порача Шарената револуција.

Поврзани новости