Савески: Народот кој храбро гази напред, ништо не може да го сопре!

by fokus

На денешниот протест на Шарената револуција  се приклучи и Здравко Савески од „Левица“ кој по 50 дена куќен притвор, вчера беше пуштен на слобода.

-Да не беа протестите толку креативни и масовни, нас ќе ни беше многу потешко да издржиме 50 дена во притвор. Заедно сме посилни и заедно ќе победиме. Ни го укинаа притворот, но ние не сме слободни. Македонија не е слободна. На власт има криминалци кои го осиромашија народот. Штетата за канцеларијата на Иванов ја проценија на 15 илјади евра. Пишуваа глупости колку да земат што е можно повеќе од граѓаните. Но ние ќе издржиме во оваа борба и нема да се предадеме. Народот кој храбро гази напред ништо не може да го запре. Другари, ќе победиме!” – порача Савески пред толпата демонстранти.

Поврзани новости