(ФОТО) Шарената револуција тргна кон Влада

by fokus 19:20
19:20

Шарената револуција го почна протестот пред канцелариите на СЈО, за да ја потсети власта дека рокот за нивните барања истекува.

13473931_10209715006976909_430773031_nУлтиматумот на „шарените” е до 18-ти јуни, а до денес ниту Уставниот суд не ја разгледал иницијативата за уставноста на СЈО, ниту пак се поништиле кривичните пријави за демонстрантите.

13473714_10209715112379544_1074376791_n

Демонстрантите покрај  ултиматиумот, потсетуваат и на барањето за оставка на целата актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

13443980_10209715007616925_1495585037_n

-После најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори – велат од Шарената револуција.

13459765_10209715210982009_153739969_n

Поврзани новости