ДС: Илинден да не се сведе на празни политички говори

by fokus

Демократскиот сојуз на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност, денеска им го честиташе најголемиот двоен празник на македонската државност – Втори август.

-Денес е денот кога треба да помислиме на идеалите на Илинденците и на Асномците и да докажеме и покажеме дека сме достојни на нивниот завет. Денес е денот кога треба да размислиме каде сме и дали сме го одбрале вистинскиот пат во градењето независна македонска држава. Денес е денот кога треба да се потсетиме дека темелите на Република Македонија ги поставуваа херои и хероини, храбри мажи и жени со чест и гордост. Токму затоа Илинден не смее да се сведе само на ден за неработење и држење празни политички говори, туку мора да биде лекција за вистинското значење на она што нашите јуначки предци ни го оставиле во аманет. А тоа е дека Македонија е сѐ што имаме и дека битката за правда и слобода никогаш не престанува, порачаа од Демократскиот сојуз.

Поврзани новости