Вељаноски го искористи Илинден да ја напаѓа опозицијата

by fokus

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседателот на првиот президиум на АСНОМ во Скопје, каде одржа говор. Во говорот тој повика на единство и обединување, но и не пропушти да ја обвини опозицијата.

-Моќта на граѓаните дадена на избори е под константен притисок и гласот на граѓаните даден на избори е во фаза на континуирана релативизација и обезвреднување. Граѓаните излегоа на избори и гласаа и нивната волја е јасна и недвосмислена. Сепак наспроти сé, денес овој основен демократски постулат е под закана. Во жарот на политичката битка, опиени од желбата за власт – за жал постојат личности кои на грбот на народот настојуваат да ја приграбат Македонија. Мораме да бидеме јасни и недвосмислени и да кажеме: Доста е! Македонија не беше градена за да се растури, рече Вељаноски.

Тој додаде дека членството во НАТО е нашиот најголем приоритет, а нашиот нов Илинден ќе биде денот кога Република Македонија ќе се интегрира во ЕУ.

Поврзани новости