Речиси пет месеци го бараше полицијата осомничениот за насилство во Собранието на крвавиот четврток, Игор Југ на кој уште во мај му е определен притвор. Телевизија „Телма“ пишува дека е уапсен во станот на неговиот починат татко, кој се наоѓа во зграда на кумановскиот плоштад на стотина метри од полициската станица.
Според информации на полицијата Југ се криел овде десетина денови. По дознавањето на локацијата на засолништето, полицијата почнала да го набљудува местото, а апсењето е изведено утринава. Неофицијално Југ воопшто не давал отпор кога во станот влегле полициски службеници од СВР Куманово.
Прведениот бил префрлен во кумановската полициска станица, по што треба да биде однесен во скопското јавно обвинителство, а од таму во затворот во Шутка.