Затвореник избега од „Идризово“, откако претходно во затворот незабележително влегла девојка!?

by fokus 13:32
13:32

Дваесет и шестгодишен затвореник, кој издржувал казна затвор во „Идризово“, вчера успеал да избега.

Како што информираат од МВР, околу 18.50 часот, во близина на отвореното одделение забележале како неовластено влегла 20-годишна девојка од Скопје, која кога ја забележале вработените била во друштво на затвореникот.

- Advertising -

Тогаш, затвореникот избегал, а девојката чуварите привремено ја задржале во затворот.

„Фокус“ го побара директорот на затворот, Ќерим Махмути, за појаснување, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

 

Поврзани новости