Милошоски: Бејта изградил два трговски центри во Гостивар и пат без тендер

by Фокус 13:21
13:21

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната парламентарна седница изјави дека Законот за јазици нема да им донесе никаква корист на Албанците, туку ќе им послужи на некои функционери на ДУИ да го скријат фактот дека не направиле ништо за Албанците туку за себе.

Како што обвини Милошоски, овој закон му треба на градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, кој, според него, изградил два трговски центри во Гостивар, како и дека изградил пат без да објави тендер.

- Advertising -

Претседателот на собранието, Талат Џафери, пак, реагираше дека Милошоски ја злоупотребува говорницата, изнесувајќи инсинуации, невистини и непроверени работи.

Поврзани новости