551
Поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски поднел барање за апанажа, јави судство.мк.
Зврлевски, како функционер избран од Собранието, веднаш по разрешувањето, барањето го поднел до собраниската Комисија за избори и именување, со цел да го искористи правото на една година апанажа по напуштањето на функцијата.
Комисијата треба да заседава и да одлучи дали поранешниот државен јавен обвинител ги исполнува условите за апанажа.
Зврлевски нема право да се врати на местото од кај што дојде, односно обвинител во Скопското јавно обвинителство.