468
Службите работат и штом добиеме сознанија ќе пристапиме. Не сум известен колку напади и кога имало. Постапувано е согласно Законот, но во овој момент не можам ништо повеќе да ви кажам…
Ова го изјави републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски за „Нова“, по завршувањето на протестот на ЛГБТ заедницата и други активисти пред зградата на Обвинителството, по повод неодамнешниот напад во кафулето „Дамар“ токму врз припадниците на оваа заедницата.
-За протестот не сум запознаен. Претешко е да се каже дека ништо не се работи за нешто што трае со години, за месец дена да се откријат сторителите е преоптимистично – рече Зврлевски.