Звезда вторпат подобра од Партизан, „мајсторката“ ќе одлучува за титулата во АБА лигата

by Fokus

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Партизан во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата со резултат 68:56 и со тоа го оставија отворено прашањето на шампионот во регионалното натпреварување.

Најефикасни кај победниците беа Факундо Кампацо со 21 поен, Огњен Добриќ со 14 и Филип Петрушев со 10, а кај црно-белите Данте Ексум со 12 и Алекса Аврамовиќ и Кевин Пантер со по 10 поени.

Двете екипи победија во финалната серија која се игра до три триумфа кога беа домаќини, а во петтиот натпревар домаќин ќе биде Партизан, а таа средба ќе биде во четврток од 20 часот по средноевропско време.

Поврзани новости