Со дрога смирувале деца во градинка

by Fokus

Тајванската полиција покрена истрага откако откри дека наставниците користеле дрога за да ги заспијат децата!

Како што јавува Би-Би-Си, необичниот случај привлече големо внимание на островот, а воспитувачките во градинките во „Нов Тајпеј“ се обвинети дека ги заспивале децата користејќи сирупи кои содржат моќни лекови како фенобарбитон и бензодиазепини, кои предизвикуваат зависност.

Родителите на децата одржаа и неколку протести пред владините згради барајќи истрагата да биде транспарентна. Се верува дека најмалку 20 деца биле успиени со користење на овие лекови.

Наставниците беа суспендирани на шест месеци и казнети со 1,4 милиони тајвански долари (околу 46.000 американски долари).

Градската болница во Тајпеј на родителите им понуди бесплатни тестови за деца од предучилишна возраст за да проверат дали има траги од седативи во нивната крв.

Родителите прво забележале дека децата имаат апстиненцијална криза за време на новогодишните празници, кога неколку дена не оделе во градинка.

 

Поврзани новости