Санџачкиот муфтија Муамер Зукорлиќ изјави дека Никола Тесла пред смртта преминал во исламот и поради тоа неговите коски не можат да се внесат во црква, пренесува весникот „Вечерње новости“.
Нервозен поради претресот на црногорската граница и временското ограничување на престојот во Црна Гора, Зукорлиќ и упати порака на Српската православна црква по повод нејзината намера да ја пренесе урната на Никола Тесла во храмот Свети Сава.
-Неодамна изби тешка расправа околу обидот на СПЦ да ја пренесе урната со Тесла од музејот во храмот на Свети Сава. Доколку продолжат да се караат околу тоа, ќе морам да им кажам дека Никола Тесла е муслиман, бидејќи пред смртта го примил исламот. Според тоа, не можат коските на еден муслиман да се внесуваат во црква, рече санџачкиот муфтија.