Зошто ја погледна жена ми? – причина за масовна тепачка во Приштина

by fokus

„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирање?“ Ова е била причина за масовната тепачка која вчера се случила на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“.

Косовската полиција соопшти дека за тепачката осомничени се седум луѓе и тие се приведени во станица во Липјан.

Две лица се повредени и им била укажана лекарска помош, изјави портпаролката на полицијата Флора Ахмети. Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во ова претепување се приведени во полициската станица во Липјан.

Поврзани новости