Точно 12 дена, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се појавил во јавноста, со изјава или промоција на проект. Последен пат тој беше забележан од камерите на 28 април годинава, на промоцијата на проектот „Од град во село за нов почеток“, во Музејот на ВМРО, пишува Мета.
– Претседателот на партија е добро и е тука, нема потреба од загриженост – изјави за „Мета“, Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето која е причината за ова отсуство на поранешниот премиер.
Инаку Груевски откако не е премиер, постојано беше на насловните страници на веснциите и провладините телевизии, каде објаснуваше најразлични проекти на Владата и партијата. Во овој период тој не оствари ниту една посета надвор од Македонија, рашетувајќи ги селата и градовите низ републиката,