Савески и Куновски остануваат во притвор, судењето одложено

by Фокус

Здравко Савески и Владимир Куновски, остануваат во куќен притвор.

Ова е исходот од денешното судење кое беше одложено поради вештачењето на штетата, а судот во исто време објави дека одбива да се спојат предметите за овие инциденти.

Двајцата демонстранти, инаку членови на ЛЕВИЦА беа притворени под сомнение дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот.

Висината на штетата што е направена при демолирањето на Канцеларијата првично е утврдена на 880.000 денари или 15.000 евра, но според дописот од Канцеларијата на претседателот штетата конечно треба да ја утврди Народното правобранителство кое побара од Бирото за судски вештачења да ја утврди точната штета и колку треба да плати секој обвинет демонстрант.

Инаку адвокатот Александар Тортевски препорача дека е неопходно да се отвори жиро сметка на која граѓаните ќе донираат средства кои би се користеле при исплата на штета кон одредена институција, каков што е сега примерот со канцеларијата на Иванов.

Поврзани новости