Силвана Бонева, член на Државната изборна комисија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, лани обвини дека недостасуваат печати од неколку општини во депото на комисијата сместено во касарната Илинден, меѓутоа печатите не биле ниту исчезнати, ниту украдени, туку по изборите во 2014 година биле предадени во ДИК заедно со материјалите од гласањето, пишува Макфакс.
Иако докуменатцијата на Макфакс покажува дека печатите биле тука, сепак, човекот кој 15 години бил одговорен за депото на ДИК, Љупчо Стружанчев, бил променет од оваа позиција, и на негово место би назначен, Вели Абдија, возач на членот на ДИК од редовите на ДУИ, Субхи Јакупи.
„Дали нејзината цел била само од таму да се отстрани долгогодишниот „чувар“ на изборниот материјал Стружанчев, иако знаеле дека нема ниту кражба, ниту дека недостасуваат печати?“, прашува Макфакс.