Манчевски: Само собранието може да го продолжи мандатот на градоначалниците

by Фокус 15:33
15:33

Мнозинството во Собранието многу брзо ќе ја преземе одговорноста и за Собранието и за состојбите во државата, онака како што е согласно основните принципи на демократијата, најави пратеникот од СДСМ, Дамјан Манчевски, кој воедно е потпретседател на партијата.

-Ќе дозволите, времето и тајмингот ќе го зачуваме за себе со цел да избегнеме било каква шанса за било каков конфликт помеѓу граѓаните. Најважно е што и да се случува во оваа земја да немаме конфликт помеѓу ниеден од граѓаните. Ниту еден живот, ниту една гребаница не е вредна за Никола Груевски – рече Манчевски.

- Advertisements -

Тој додаде дека барањето да се продолжи мандатот на градоначалниците е од страна на Уставниот суд е неуставно, бидејќи, според него, мандатот на локалните власти се продолжува единствено преку одлука на собранието.

Поврзани новости