Гевгелија на референдум гласа за или против рудници за злато на Кожув

by Фокус

Жителите на Гевгелија утре на референдум ќе треба да се произнесат за прашањето дали да се прават истражувања на терен за да се отворат рудници за злато на територија на нивната општина.

Причината за ваквиот референдум се најавите за геолошки испитувања на падините на планината Кожуф, што, според активистите на граѓанската иницијатива „Спас за нас“, ќе се вршат со експлозив и голема механизација, а потоа за златото ќе биде употребуван цијаниц.

Државниот секретар во Министерството за животна средина, Соња Лепиткова, пак, тврди дека граѓаните на општина Гевгелија се изманипулирани од луѓе кои даваат нестручни паушални изјави за влијанието врз животната средина на рудник кој не се знае дали ќе се отвора, бидејќи моментално, според неа, на теренот се вршат само испитувања.

Поврзани новости