656
Лидерот на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, во интервју за хрватската телевизија НОВА денеска истакнал дека Министерството за внатрешни работи досега не спомнало ништо околу соработката со странските служби за кои премиерот Никола Груевски го обвинува.
Заев потенцирал дека во нормална земја тие материјали се доставувале во Јавното обвинителство, ама граѓаните кои ги доставиле доказите до СДСМ знаеле дека Македонија нема Јавно обвинителство,
-Со ова што се случува јас едно знам, оваа Влада паѓа. Се надевам дека ќе имаме доволно мудрост и сила како нација, како земја, да направиме чекор напред и да не дозволиме во иднина веќе никогаш вакво нешто да се повтори, додал Заев.