ЦРМ: Новинари не запоставувајте го јавниот интерес во известувањето за случајот „Пуч“

by Фокус

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) ги повика новинарите да не го запостават јавниот интерес во известувањето за случајот „Пуч“ и ги потсети дека новинарите не се одговорни за начинот на кој нивните извори ги добиле податоците, вклучително и податоци што произлегуваат од неовластено следење на комуникациите.

-Директивата за заштита на индивидуата во однос на обработката на лични податоци и слободата на движење на таквите податоци на Европскиот Парламент и на Советот на ЕУ (95/46/ЕЦ) ги опфаќа, во дефиницијата за лични податоци, и видео и аудио снимките собрани со тајно снимање (тн. „undercover“), но на земјите членки им наложува, во Член 9 од Директивата, во националните законодавства да обезбедат исклучоци или ослободување на новинарите од одредбите на Директивата што се однесуваат на процесирањето на лични податоци, информираат од ЦРМ.

Понатаму во соопштението на ЦРМ се вели дека праксата на Европскиот суд за човекови права ги ослободува новинарите од одговорност за објавување тајни или лични податоци и информации, доколку новинарите во добивањето на информациите не прекршиле некој закон или правило.

За крај во соопштението на ЦРМ стои дека новинарите треба да се придржуваат објективност и почитување на приватноста на други лица, но не по цена на запоставување на јавниот интерес.

Поврзани новости