Зоран Заев потсетува на 24 декември и вели ,,Режим, никогаш повеќе“

by Fokus
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук се осврна на настаните од пред осум години на денешен ден кога пратениците во Собранието беа нападнати и напиша дека такво нешто никогаш не треба да се повтори.

Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија. 24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина. Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството. Ја живееме слободата.

Прочитајте и… Николоски од ВМРО-ДПМНЕ возвраќа на СДСМ: Вие сте принцови на лажните вести, кој последен се смее, најслатко се смее
Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.

Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното. Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!“, напиша Заев на Фејсбук.

 

Поврзани новости