Санкционирани 226 возачи во Центар

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Центар изречени се вкупно 226 мерки во сообраќајот.

Од вкупно 226 мерки, осум се за возење без возачка дозвола, 12 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за технички неисправен јавен превоз, 26 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал, санкционирани се седум пешаци и изречени се 15 мерки за неносење маска.

МВР информира дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости