Зоран Заев и новиот американски амбасадор одржаа средба попладнево

by Фокус

Ситуација во државата со кршењето на основните човекови права, предизвиците за функционалност на државниот систем во услови на поклопеност од страна на власта и нарушениот демократски амбиент во земјата се темите за кои денеска разговарале лидерот на СДСМ и новиот американски амбасадор, Џес Бејли.

Претседателот на СДСМ и раководството на партијата му соопштиле на амбасадорот дека прислушувањето и упадот во судството се мал дел од доказите како Груевски и неколку луѓе околу него со своите незаконски и криминални активности го погазиле уставниот поредок, што според СДСМ, било со единствена цел да воспостават контрола врз се во државата и на тој начин да го обезбедат своето владеење.

-Тоа се сериозни докази што СДСМ има морална и законска обврска да ги сподели со јавноста со крајна цел нормализација на Македонија, рекол Заев на средбата со новиот амбасадор на САД во Република Македонија.

Поврзани новости