Форум на слободоумни патриоти: Заев веднаш да ги објави „бомбите“ и да престане да ја држи јавноста како заложник!

by Фокус

Форумот на слободумни патриоти упати апел до претседателот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш да ги објави „бомбите“ за сторен криминал на високи функционери и да престане да ја држи јавноста како заложник. Од форумот соопштуваат дека објавувањето на прислушувани разговори, а и од друга страна, конфузијата што ја создавале одредени медиуми, доведувало до се’ поголема поделба на граѓаните како и до загриженост за безбедноста.

Слободоумните патриоти сметаат и дека снимките од прислушувани разговори на новинари, судија во Апелационен суд и сопруга на поранешен и во тоа време актуелен министер за правда, ги потврдиле забелешките извештајот на Европската комисија дека не постои независно судство.

-Загриженоста е уште поголема што истиот тој поранешен судија во овој момент е ангажиран во кабинетот на претседателот на Република Македонија – се вели во соопштението на Форумот.

Форумот на слободумни патриоти го основаа дел од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Иван Соколов, Владимир Змејковски, Јове Кекеновски и Љупло Алексовски.

Поврзани новости