Ситуација во државата со кршењето на основните човекови права, предизвиците за функционалност на државниот систем во услови на поклопеност од страна на власта и нарушениот демократски амбиент во земјата се темите за кои денеска разговарале лидерот на СДСМ и новиот американски амбасадор, Џес Бејли.
Претседателот на СДСМ и раководството на партијата му соопштиле на амбасадорот дека прислушувањето и упадот во судството се мал дел од доказите како Груевски и неколку луѓе околу него со своите незаконски и криминални активности го погазиле уставниот поредок, што според СДСМ, било со единствена цел да воспостават контрола врз се во државата и на тој начин да го обезбедат своето владеење.
-Тоа се сериозни докази што СДСМ има морална и законска обврска да ги сподели со јавноста со крајна цел нормализација на Македонија, рекол Заев на средбата со новиот амбасадор на САД во Република Македонија.