417
Македонскиот новинар Зоран Божиновски кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа е екстрадиран во Македонија, соопштија од МВР.
“Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката”, соопштија од МВР.
Министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски веднаш откако судот решил дека се исполнети сите претпоставки за негово испорачување.
Зоран Божиновски беше уапсен вчера во Нови Сад, по потерница од македонските власти за случајот “Шпион“ Божиновски веќе еднаш беше во екстрадиционен притвор но пред три години беше пуштен на слобода и досега ја чекаше одлуката за азил од српските власти, кој не успеа да го добие.