ЗНМ: Пешевски да биде разрешен, прашал новинарка дали дома знаат дека е проститутка

by fokus 15:17
15:17

Здружението на новинарите на Македонија остро гo осудува недоличното однесување на потпретседателот на владата Владимир Пешевски, кој минаната недела после прес конференцијата на која го претставувал извештајот на Дуинг бизнис за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник Вест поради тоа што прашала дали владата размислува да ја покачи старосната граница на 67 години за одење во пензија.

-Пешевски иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија, дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка. Пешевски, покажува дека нема основно домашо воспитување и политичка култура, која се граничи со силеџиство и примитивизам. Ваквиот напад не е вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува неријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите, се вели во реакцијата на ЗНМ.

- Advertisements -

Од ЗНМ велат дека ваквите напади имаат за цел да ги омаловажуваат и заплашуваат новинарите да не бараат отчет од работата на јавните функционери да ја убијат смислата на улогата на новинарството во демократско општество.

Тие бараат ицепремиерот Пешевски јавно да се извини на новинарката, но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши.

Поврзани новости