Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 35 нови стипендии

by Fokus

Фондацијата “Трајче Мукаетов“ годинава ќе стипендира 35 студенти, односно 15 студенти од Фармацевтскиот факултет и 20 студенти од Медицинскиот факултет. Стипендијата, во износ од 6.500 денари месечно, најдобрите студенти од трета и четврта година на овие два факултета при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, ќе ја добиваат 12 месеци.

Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје, рече дека годинава доделиле 35 стипендии, бидејќи толку студенти ги исполниле критериумите за стипендирање.

– Почнувајќи од 2007 година па досега, фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ стипендираше вкупно 379 студенти по фармација и медицина. Во оваа бројка се и годинешните 35 студенти. Од нив 142 студенти по фармација и 108 по медицина се веќе дипломирани, а ако ги исполнат условите стипендиите им продолжуваат и наредната учебна година. Од 2009 година до денес својата кариера во одделот фармација во ‘Алкалоид’ ја почнале 40 од стипендираните студенти“, рече Мукаетов.

Поврзани новости