ЗНМ: Отпуштањата во Телма се смислена стратегија за чистка на искусни и критични новинари

by Фокус

Бркањето на 12 искусни и познати новинари од страна на менаџментот на Телма е смислена стратегија за чистка во редакцијата на искусни и критични новинари, што претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите, оцени Здружението на новинари на Македонија.

„Тврдењата на менаџментот на телевезијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи, бидејќи компанија која има проблем со загуби и превработеност не вработува нови новинари, а потоа ги отпушта оние кои претходно по десетина години работеле таму. Дополнително, нејасно е кои биле критериуми по кои се водел менаџментот кога ги укинувал работните места. Уценувањето на новинарите да прифатат намалување на платите ако сакаат да останат на работа е мобинг, кој се казнува со закон“, сметаат од ЗНМ.

Од таму потсетуваат дека слично чистење на информативните редакции претходно имало и во други електронски и печатени медиуми откако беше променета нивната сопственичката структура и менаџмент.

Поврзани новости