Како турскиот мултимилијардер уапсен во САД добил македонски пасош?

by Фокус

Контраверзниот турски бизмисмен со иранско потекло, Реза Зараб, кој беше уапсен во САД поради кршење на санкциите на САД кон Иран, имал македонски пасош.

Американскиот јавен обвинител Прет Барара изјавил дека Зараб освен што има турски, поседува и ирански и македонски пасош, за да може да патува во земјите од кои нема да може да биде екстрадиран.

Против Зараб исграта се водеше и во Турција во 2013 година поради сомнение за неговата вмешаност во корупција на високи владини функционери, но тој беше ослободен откако не беше покренато обвинение.

Уште еден од осомничените во оваа истрага за нелегални трансфери иа злато и пари беше и Сулејман Арслан, поранешен директор на државната банка „Халкбанк“, која делува и на македонскиот пазар.

Инаку, адвокатот на Зараб во САД барал тој да добие куќен притвор и да биде пуштен со кауција од 50 милиони долари, но Барара го отфрлува ваквото барање токму поради вмешаност во корупција на највисоки ниво.

Имено, сомнителниот турски бизнисмен донирал 5 милиони долари за асоцијацијата основана од сопругата на турскиот претседател Реџет Таип Ердоган.

Од Движењето на Турците во Македонија прашаа како кој му издал пасош на Зараб и дали тој има некоја инвестиција или бизнис во земјава?

„Дали е праведно Зараб, кој се товари со огромни криминали, експресно да добие македонски пасош и државјанство, додека Турците од Македонија кои се родени во оваа земја и поради финансиски проблеми заминале во Турција не можат да се изборат за македонски пасош и државјанство?“, прашаа од Движењето.

Поврзани новости