ЗНМ: Осуда за вработените во Уставниот суд кои на недозволив начин ги третираа новинарите

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на вработените во Уставниот суд кои на недозволив и неевропски начин ги третираа новинарските екипи кои сакаа да ја проследат денешната средба меѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

-И покрај тоа што медиумите уредно биле поканети за да ја проследат средбата, на новинарските екипи им било дозволено само да снимат неколку инсерти, а потоа биле избркани од зградата на Судот.
Иако во просториите на Уставниот суд има просторија која е предвидена за новинари, вработените во Судот на дрзок начин ги испратиле новинарите надвор од зградата и ги известиле дека изјави за средбата ќе можат да се земат само надвор од зградата.
Овој инцидент е дополнително недозволив кога се знае дека токму Уставниот суд е оној кој треба да биде главен заштитник на слободата на говорот. Го повикуваме Судот во иднина да обезбеди достојни услови за работа на новинарите и да не поставува негативен пример во општеството за односот институција – новинари, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Поврзани новости