ЗНМ ќе организира протест за ослободување на Божиновски

by fokus

Здружението на новинари на Македонија на први септември ќе организира протест за ослободување на новинарот Зоран Божиновски. Протестот ќе се одржи пред Основниот суд во Скопје, а тогаш започна судскиот процес против Божиновски.

-Во понеделник, 22 август, Управниот одбор на ЗНМ усвои одлука, на први септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се одржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Претходно, Меѓународната федерација на новинари со писмо упатено до претседателот и до јавниот обвинител повика на итно и безусловно ослободување на Зоран Божиновски.

 

Поврзани новости