Во 11 часот нови распити во СЈО

by fokus 10:29
10:29

Специјалното јавно обвинителство денеска ќе продолжи со нови распити на осомничени и сведоци. Се очекува распитите да почнат од 11 часот.

Специјалното обвинителство, поради тајноста на постапките, не открива кои лица денеска ќе бидат испрашувани.

Минатата недела на распит во СЈО беа: лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили, Силвана Бонева, сега член на ДИК, и Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР.

Поврзани новости