Здружението на новинари и новинарскиот синдикат ги осудија нападите врз новинарите на денешниот протест против пресудата за случајот „Монструм“.
„Неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници“, велат од ЗНМ.
Самостојниот синдикат на новинари, исто така, го осуди настанот, нагласувајќи дека покрај нападот врз екипата на МИА, нападнат бил и новинар-репортер од редакцијата на „Слободен печат“, од кого полицајците побарале да ги избрише снимките од службениот мобилен телефон.