Албанската опозиција ја обвинува полицијата за инцидентите на протестот

by Фокус

Од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива реагираат дека полицијата денес го спречила правото на протест, со што, според албанската опозиција, испровоцирала нереди.

„И покрај барањето на организаторот, семејството на казнетите во случајот „Монструм“, кои претходно го информирале МВР за организирање на протестот, полицијата – со големо засилување со блиндирани возила и специјални единици – не им го допушти патот и така ги спречи протестантите да стигнат до нивната дестинација. Секаде во светот протестантите се тие кои го одредуваат местото на одржување на протест и во секоја демократска држава на светот тие, освен информирање на полицијата, немаат никаква друга обврска“, велат од партиите на Зијадин Села и Африм Гаши.

Од таму додаваат дека ова е уште еден доказ дека по падот на режимот Груевски-Ахмети на повидок е новиот режим Заев-Ахмети.

Поврзани новости