На заедничка прес конференција, Здружението на новинари на Македонија и Синдикат на новинари им дадоа поддршка на колегите од „Утрински весник“ и порачаа дека финансиската ситуација во компанијата издавач на Утрински весник не е одговорност или вина на новинарите, туку на менаџерскиот тим, нивните лоши одлуки и поврзаноста со власта.
-Новинарите да се остават слободно и професионално да си ја работат својата работа, бидејќи основен предуслов за демократија се слободни медиуми. Новинарите се изложени на ужасен психолошки притисок, уцени и непристојни предлози, како на пример-уредникот да избере десет за бркање, во спротивно клуч на врата! Синдикатот повикува на јавен отпор. Да се спротистви јавноста, но и новинарите што известуваат од сите настани, порачаа од Синдикатот.
ЗНМ,Синдикатот,МИМ и други еснафски организации повикаа на солиздарност и да не се дозволи ниту еден новинар да биде отпушен од „Утрински весник“.