Стајковци пак плива во вода, а власта си свирка и чека избори

by fokus

Стајковци повторно е поплавено по обилните дождови што го зафатија скопскиот регион утрово. За ова сведочи фотографијата, објавена пред малку на фејсбук профилот на Павле Богоевски, граѓански активист.

Тој потсетува на состојбата во која се најдоа поплавените кои и покрај задолжувањата на власта, не добија соодветно обештетување:

„Во меѓувреме, ДПМНЕ ја задолжи нашата држава со дополнителни 36 милиони евра за штетите од поплавите. Со тие пари: Се исплаќа минимални средства за обесштетување, кои не ги покриваат ниту основните трошоци. Исплатени се помалку од четвртина од оштетените. Не се санира каналската мрежа. Се вршат исплати по партиска линија. Парите се користат за финансирање на фирмите блиски до партијата, преку договори во четири очи.

Освен очигледниот проблем на злоупотреба на нашите пари и финансирање на нивните соучесници пред избори, ние имаме многу поголем, поургентен проблем: оваа партија и нивните фирми НЕ СЕ СПОСОБНИ да го заштитат населението. Го игнорираат ризикот за повторување на штетите поради уништената инфраструктура и заситената почва. Едноставно си крадат, си свиркаат и чекаат избори“, пишува Богоевски.

Поврзани новости