442
Здружението на новинарите на Македонија ја поздрави одлуката на Специјалното јавно обвинителство да побара од Основното јавно обвинителство да го преземе предметот на новинарот Зоран Божиновски, кој од април е во притвор поради сомнение за извршени три кривични дела.
„Веруваме дека СЈО ќе води покредибилна и поефикасна постапка за случајот и ќе помогне вистината побрзо да излезе на виделина. Се надеваме дека СЈО по преземањето на предметот сериозно ќе ја разгледа можноста да побара укинување на мерката притвор за Божиновски“, соопштија од ЗНМ.