Две илјади евра за настраданите од фолкерите

by fokus
Фолк естрадата на хуманитарниот концерт во Охрид, вчера успеа да собере околу 120.000 денари и помош во вид на прехранбени намирници за поплавените семејства. Пред публиката настапија Елена Велевска, која што беше иницијатор на настанот, Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Боби Мојсоски, Ѓоко Танески, Петар Нечоски, Татијана Стефановска, Дејан Николовски – Чуле, група Чардак и други.

unnamed

,,Ова беше навистина хуман гест, сите се сплотивме и се надевам дека со собраните средства ќе помогнеме. Им благодарам на колегите кои што настапија, на медиумите кои што помогнаа веста за концертот да се пренесе до публиката. Солидарноста е една од карактеристиките која што ги краси добрите луѓе, да продолжиме и во иднина со вакви гестови,, – порача Велевска.

Вики Клинчарова

Поврзани новости