Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата преку медиуми ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица.
-Ваквите непримерни изјави преставуваат директен напад врз слободата на медиумите и имаат за цел да ги замолчуваат новинарите. Ги повикуваме новинарите да ги почитуваат професионалните стандарди и да ги проверуваат фактите пред да ги објават информациите. Тоа особено се однесува кога известуваат за сензитивни теми поврзано со човековите права, велат од ЗНМ.
Во случај на непрофесионално известување на медиумите граѓаните можат да поднесат претставка во Советот на честа на ЗНМ и Советот за етика во медиумите.