Беса: Не може да и дозволиме на ДУИ да биде како Пилат

by fokus

Движењето Беса смета дека „бучавата што се прави за заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии е за некои албански партии во Македонија да придобијат политички поени во пресрет на локалните избори“.

Состаноците кои се одржуваат во име на платформата, вели Беса, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ и на Алијанса на Албанците. Партијата вели дека сè уште ја поддржуваат платформата и дека нејзините пратеници ќе гласаат по нејзините точки кога ќе дојдат на дневен ред во Собранието.

Ставот на Беса е дека не прифаќа состанок кој е инициран од претседателот на ДУИ во Скопје.

„Тие што беа главни виновници што на Беса ѝ беа одземени два пратеника за да ѝ се дадат на ВМРО-ДПМНЕ, немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците, ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија. Поради оваа причина, ваквите иницијативи, наводно во име на албанските интереси, но злоупотребувајќи ја тркалезната маса, за нас се со лоши намери и за цел ја имаат само рехабилитацијата на тие што 15 години екстремно го уништија интересот на Албанците во Македонија. На тој што му се потребни јавни средби со Беса, за да може како Пилат да си ги измие рацете од кривичните дела, не можеме да му го дозволиме тоа задоволство“, велат од Беса.

Партијата вели дека е згрозена од фактот дека „претседателот на ДУИ и еден нивен пратеник, во нивните јавни настапи, на инфантилен начин изјавија дека Декларацијата е изготвена во Скопје, па дури и дека самите ја изготвиле.“

„Ова не само што не е вистина, истотака е навреда за олеснувачите за постигнување на таа Декларација, како и за неговите подржувачи. Сепак, тоа останува во нивна совест. Вистината е дека, во однос на заедничката Тркалезна Маса на Албанските Парламентарни партии во Македонија, ставот на Движењето БЕСА беше дека не прифаќа состанок кој се иницира од претседателот на ДУИ во Скопје, и ова е добро познато за јавноста“, вели Беса.

Поврзани новости