ЗНМ: Бришењето новинарски снимки е кукавички чин на Груевски

by fokus 12:34
12:34

По инцидентот во кој обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски бришеше снимки од новинар на ТВ21, реагираше ЗНМ.

„Сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите. Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразувањето е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право него да го снимаат“, порача првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.
До инцидентот дошло при прошетката на Груевски и неговата сопруга со семејството по улица Македонија. Откако обезбедувачите, припадници на МВР, го забележале новинарот дека фотографира веднаш тргнале по него. Од МВР се чека да излезе со официјална инфорнмација за тоа што се случило за полицајците да влезат во ТВ21.

Поврзани новости