Пaрични казни за демонстранти од Прилеп

by fokus 12:28
12:28

Четворица учесници на Шарената револуција од Прилеп деновиве добија записници за констатиран прекршок и платни налози со кои, согласно Законот за јавна чистота, се казнети со 50 евра во денарска противвредност, објави порталот Револуционер.

Од записниците може да се види дека врз основа на доставено известување од МВР, односно од Полициската станица во Прилеп, комуналниот инспектор при локалната самоуправа на Општина Прилеп констатирал дека конкретните лица сториле прекршок според чл.19 ст.1 од Законот за јавна чистота.

Власта продолжува со пријавите против учесниците во Шарената револуција.

Поврзани новости