367
Годинешниот извештај на Европската Комисија за Македонија во делот на слободата на изразување и слободата на медиумите е најкритичен, но и најреален досега, оцени претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.
– ЕК сфати дека македонската влада не го разбира дипломатскиот речник и затоа реши во извештајот да користи точен и директен јазик. Брисел јавно и недвосмислено вели дека слободата на медиумите овде назадува, посочувајќи ги причините за тоа, како што се насилството против новинарите, индиректно или директно вмешување на владата во уредувачката политика на медиумите преку нетранспаретното владино рекламирање, до зависна МРТ и зависен медиумски регулатор – рече Селмани.